Најпопуларната телевизиска водителка Елен Деџенерис прв пат видена во јавност по обвинувањата за злоупотреба на нејзините вработени!

30 ноември, 2020
438967

Елен Деџенерис во последните месеци се соочи со грозоморни обвинувања на своја сметка, а и покрај тоа пред неколку дена ја освои наградата „People’s Choice“ за најдобро ток-шоу во Америка.

Една од најпопуларните телевизиски водителки на светот, Американката Елен Деџенерис против која во изминатите месеци се изнесоа шокантни детали за злоставување и малтретирање на работното место, пред неколку дена и покрај сè ја доби наградата „People`s Choise“. Папараците сега за првпат ја фатија во јавноста, а Елен заминала на ручек со своја пријателка притоа пристојно мафтајки им на фотографите.

Profimedia
Profimedia

„Фановите ми се се на светот. Не би била тука каде што сум без своите фанови“, изјави пред неколку дена Деџенерис откако ја доби наградата.

Нејзиното шоу се врати на малите екрани и во моментот се снима 18-та сезона, а самата водителка неодамна се осврна на обвинувањата на своја сметка.

„Можеби ќе имате прилика да слушнете ова лето, се појавија наводни обвинувања за токсична работна атмосфера во нашето шоу, а потоа е започната и истрага. Дознав дека тука се случувале некои работи кои никогаш не смееле да се случат. Тоа го сфаќам многу сериозно и сакам да кажам дека ми е жал за сите луѓе кои биле повредени“, изјави Елен. Таа додаде дека е свесна за својата слава, својата положба во општеството и моќта, но дека требала да биде посвесна за тоа што се случува зад камерите.

Profimedia
Profimedia

Елен Деџенерис и нејзината сопруга Портиа де Роси инаку се познати и по честото менување на вилите во кои живеат. Омилено им е подрачјето Монтесито и неретко тука купуваат и продаваат вили. Тие моментално живеат во вила во Беверли Хилс, која од пејачот Адам Левин ја купија минатата година за 45 милиони долари. Тие се сопственички на неколку недвижнини, и во тоа немаат намера да запрат.

escort - Korsan taksi