Најубавата жена во светот, госпоѓа Смит и “Brangelina” се само дел од епитетите коишто ги носи оваа холивудска актерка

3 јуни, 20200
angelina-jolie-best-beauty-looks

Анџелина Џоли својата прва улога ја доби на само 7 години, но врската со Бред Пит, дефинитивно ја засени нејзината актерска кариера.

Поранешните сопружници се запознале на снимањето на филмот “Mr. & Mrs. Smith”, а Бред во 2005та се разведе од Jennifer Aninston поради неа.

Парот во јавноста е познат под прекарот “Brangelina”,  а во текот на нивната десетгодишна врска тие ја добија ќерката Sniloh (14) и близнаците Knox и Vivienne (11). Покрај нив, парот ги посвои и Maddox, Pax, и Zahara.

Нивната љубов навидум изгледаше складно и ветуваше дека ќе потрае, но несогласувањата започнаа во 2014та, веднаш по венчавката. Само две години подоцна, тие се разведоа.

Инаку, Анџелина својата актерска кариера ја започна на седум годишна возраст, покрај својот татко Jon Voight, во филмот “Lookin’ to Get Out”. Нејзината мајка, Marcheline Bertrand, исто така беше актерка, но почина во 2007та година како последица од рак на дојката и јајниците. Од истата болест починале и нејзината мајка и сестра. Токму поради тоа, Анџелина се одлучи за мастектомија, односно отстранување на двете дојки, откако генетскиот тест покажа дека таа има 87% шанса да заболи од истата болест.

Џоли често се наоѓа на врвот на листата најубави жени во светот, но во последно време ја загрижи јавноста со својата килажа. Таа изгледа премногу слабо.

Освен со Бред Пит, Џоли беше мажена за уште двајца актери. Три години беше во брак со Johnny Lee Miller, којшто е познат по улогата на Sherlock Holmes. Исто толку траеше и бракот со Billy Bob Thornton. Јавноста во тоа време беше фасцинирана од чудното изјавување на љубов помеѓу неа и Billy, така што носеа крв еден од друг во мали шишенца околу вратот.

Анџелина и Били Боб

Анџелина е позната и по љубовта кон змиите, кои ги чувала како миленичиња. Исто така, љубител е и на тетоважи, а досега вкупно има 14.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi