Наоми Кемпбел сама се фотографираше за насловната страна на списанието Essence!

7 мај, 20200
наоми

Наоми Кемпбел е суперхеројка меѓу супермоделите! Дури и во време на пандемија, таа успеала сама да се фотографира за насловната страна на списанието Essence, и тоа ни помалку, ни повеќе, туку за неговата 50 годишнина.

За фотографијата никогаш нема да помислите дека е направена со iPhone. Насловната страна е прекрасна, а на фотографијата е Наоми облечена во винтиџ модел на Chloé, со небо во позадина. Наоми навистина може да направи сè!

“Ми беше голема чест и необично искуство сама да си ја фотографирам и стилизирам сопствената насловна за 50 годишнината на Essence со мојот Ајфон.”, напишала Наоми под фотографијата.

Таа исто така истакнала дека со списанието го прославуваат истиот јубилеј, 50 години (нејзиниот 50 роденден е на 22 мај), што додало дополнителна емотивност на насловната страна.

Наоми не е само ѕвезда од насловните страници, стилистка и фотографка. Таа е и водителка. Кралицата на модните писти на 6 април промовирала шоу на YouTube наречено No Filter With Naomi  во кое до сега гости и биле Синди Крафорд, Парис Хилтон, Пи Диди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi