Не остана покуса: сопругата на познатиот пејач одговори на злобните коментари за нејзиното тело!
Манекенката и сопруга на музичарот Џон Леџенд, 36 годишната Криси Тајген решила на Твитер да се пресмета со критичатите и да им одговори на интернет троловите кои јавно го критикувале нејзиното тело кажувајќи дека изгледа како квадрат.
“Сите се научија на облини направени со операции и хируршки зафати. Јас вака отсекогаш изгледам и тоа ми се исплатело на многу начини”, напишала Криси.
Критиките започнале откако таа објавила фотографија на која е во костим за капење со длабоко деколте.
“Замислете еден ден да се појавам со колкови и газ. Ооо, тогаш би се разлутиле. Јас сум среќна, Џон е среќен, сите сме среќни и добри сме.”, заклучила убавата бринета.
Криси во моментот се наоѓа во домашна изолација со сопругот Џон и нивните две деца, 4 годипната Луна и 1 годишниот Мајлс.