Некогаш само ја гледам и почнувам да плачам: Кајли Џенер никогаш не била поемотивна (ФОТО)

28 јуни, 2020
kajli

Американската ѕвезда предизвика лавина од емотивни коментари на социјалната мрежа Инстаграм, поради последната фотографија што ја објави.

Реалити ѕвездата, Кајли Џенер, сподели фотографија за нејзините следбеници, лежејќи во прегратка со нејзината ќерка Сторми.

Кајли напиша:

– “Ќе пукнам” колку многу го сакам ова мало бебе. Понекогаш само ја гледам и плачам затоа што знам дека никогаш повеќе нема да биде таа мала. Кој би помислил дека вакво мало нешто може да ви одземе најголем дел од срцето. Бог не погреши со тебе.