Нема кралски обврски, нема ниту луксузирања- како Меган Маркл го прослави 39 роденден?

7 август, 2020
меган

Три години по ред принцот Хари знаел да ја изненади својата сопруга Меган Маркл со некој луксузен подарок или патување на кое го славеле роденденот. Брзо откако стапиле во врска ја однел на сафари во Африка, а потоа тоа станало и еден вид на традиција на која често и се враќале. Животот на висока нога за Меган продолжил и по преселбата во Велика Британија.

Кога обврските и допуштале, таа се сретнувала со пријателките во луксузни ресторани во Лондон, а потоа пред венчавката со британскиот принц организирала голема забава надвор од градот во посебен ресорт за богати и славни.

Потоа со приватен авион отпатувала во Њујорк за да го прослави раѓањето на своето прво дете со близок круг на пријатели. Тогаш таа отседнала во претседателскиот апартман во еден хотел со пет ѕвезди.

Но изгледа дека тие денови се зад неа. Меган пред три дена го прославила својот 39 роденден, а американските таблоиди дознале како го прославила.

Според кажување на упатените, таа својот роденден го прославила во куќата во Лос Анџелес каде моментално живее со сопругот и синот. Принцот Хари и подготвил вечера, а синчето Арчи неколку часа го чувала мајката на Меган- Дорија. Така сопружниците имале малку време за себе.

“Хари подготвил вечера од три јадења, а за подготовките му помогнала Дорија. Хари стана многу подобар во готвењето откако се ожени со Меган и откако си заминаа од Британија”, изјавил неименуван извор.

Нарачал и огромна чоколадна торта од омилената слаткара и се погрижил куќата да биде полна со балони за да може славеничката да ја почувствува роденденската атмосфера. Наводно Хари на својата сопруга и подарил посебно дизајнирана огрлица и врамена фотографија од нив двајца.