Неславната модна уредничка на 70 години се разведува поради неверство, а разводот ќе вреди САМО неколку милиони

22 октомври, 2020
f_9107285_1024

По 16 години брак, главната уредничка на американското издание на „модната библија“, Вог, Ана Винтур и милионерот Шелби Брајан се разведуваат

Неславната уредничка од која со децении стравуваа новинарите и модните дизајнери, 70-годишната Ана Винтур повторно е сингл.

Како што Page Six екслкузивно пренесува, по 16 години брак, главната уредничка на американското издание на „модната библија“, Вог, Ана Винтур и американскиот пионер и милионер за телекомуникации, 74-годишниот Шелби Брајан, одлучија да потпишат документи за развод и да тргнат по својот пат.

Тие се заедно последните 20 години, но за тоа време многу ретко се гледаа заедно во јавноста. Нивната врска започна во далечната 1999 година и предизвика вистински скандал меѓу Њу Јоршката елита затоа што Шелби наводно ја напуштил сопругата поради Ана, која тогаш штотуку се разведуваше од својот прв сопруг, психијатарот Дејвид Шафер, со кој има две деца.

Засега не е позната точната причина за распадот на нивниот брак, но според гласините во американските медиуми, Шелби наводно неодамна повторно се зближил со неговата поранешна сопруга Кетрин, онаа што ја остави поради Ана. Нејзиниот втор сопруг, инвестицискиот банкар Дејмон Мезакапа, почина во 2015 година, па се вели дека пронашле утеха еден во друг.

“Кетрин и Брајан имаат заеднички деца и се само пријатели. Тоа е сè”, изјави извор за „Page Six”, прашан за помирувањето на поранешната двојка.

Кризата во односите на еден од најмоќните парови започна во 2013 година, кога се откри дека Шелби Брајан и должи на даночната служба 1,2 милиони долари, по што сѐ започна да оди низ брдо.

Нивниот разделба ја отвори можноста за развод вреден неколку милиони долари, според „ Daily Mail “, а самата Винтур може да се пофали со нето вредност од 35 милиони долари, а тука е и огромното богатство од нејзиниот сопруг.

Исто така се шпекулира дека самата Винтур веќе пронашла нова љубов. Имено, таа беше снимена на вечера со британскиот актер Бил Ниги во февруари, со кого често може да се види и во Лондон и во Њу Јорк, а се уште не ја коментирала својата брачна состојба.

escort - Korsan taksi