Неверојатното тело на славната Кери од серијата „Сексот и градот“: Само еден детал ја „издава“ дека има 55 години

12 октомври, 2020
sarah-jessica-parker-830x0

Познатата актерка се појави на промоцијата на колекцијата чевли што ја создава во соработка со компанијата „Manolo Blanik

Популарната американска актерка Сара Џесика Паркер (55), која се прослави со улогата на Кери Бредшо во една од најгледаните серии ширум светот „Сексот и градот“, беше фотографирана во срцето на Њу Јорк, Менхетен, каде ја претстави есенската колекција на чевли „SJP“. .

Имено, актерката изгледаше многу среќно што оваа колекција го виде светлото на денот и беше многу посветена додека им ги презентираше на присутните гости и новинари. Секој знае дека чевлите биле нејзина страст уште од улогата на Кери, а обожавателите сметаат дека тоа било логичен редослед на настани, со оглед на тоа дека Сара е верен поддржувач на модата.

– Се чини лудо, но мислам дека луѓето го очекуваа тоа од мене, особено поради Кери Бредшо. Ова се комбинации на бои кои ретко се наоѓаат, убави чевли што ќе сакате да ги имате во плакарот – рече Сара Џесика во изјава за магазинот „Вог“ во 2015 година, кога ја објави првата колекција чевли.

Колекцијата е придружена со колекција чанти и палта, а на актерката ѝ помагаат при создавањето на сите горенаведени производи, Џорџ Малкемус, шефот на компанијата „ManoloBlanik“.

По тој повод, таа носеше сива јакна со светки, светли фармерки и кратки чизми до глуждот со ист дизајн како и јакната. Под јакната, носеше едноставна кошула во светли ленти, која беше во сенка слична на маската за лице која ја носеше.

Маската имаше нијанси на виолетова боја, а на некој начин сè функционираше совршено и оваа комбинација на облека изгледаше фантастично.

Сепак, еден детал ја открива нејзината возраст, а тоа е – нејзините раце. Од нив е јасно дека Сара е стара, а за разлика од нејзиното лице, нејзините раце многу тешко се „пеглаат“ и подмладуваат.

escort - Korsan taksi