Никој не знаеше дека е бремена: Го роди второто дете во тајност, откако нејзиниот сопруг беше фатен како флертува со колешката

19 јули, 20200
Annotation 2020-07-19 135402

Актерката Џесика Бил и пејачот Џастин Тимберлејк станаа родители по втор пат, а бременоста и раѓањето на детето се чуваа во тајност.

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк го добија своето второ дете оваа недела, дознава Daily Mail. 38-годишната актерка роди момче и во моментов се опоравува од домашното породување во друштво на нејзиниот сопруг и нивниот син Силас (5).

Мајката на актерката, Кимберли Конро Бил (65) е исто така со нив да и помага на својата ќерка со сè што и треба. Тогаш нејзините пријателки потврдија дека станала баба, но портпаролите на славното семејство сè уште не се изјаснија за среќната вест.

Тимберлејк и Бил не се појавија во јавноста од март годинава, а медиумите шпекулираат дека славната двојка е во нивниот дом во Монтана од кога започна пандемијата на корона вирусот. Тие вешто ја криеја бременоста, а од почетокот на оваа година, актерката нема објавено фотографии на кои би се открило дека очекува дете.

Пејачот беше фатен од папараците како се држи за рака со колешката Алиша Ваинхиргт минатата година, поради што неговиот брак со актерката беше во криза. Бил го извадии нејзиниот венчален прстен, но откако се смирија и решија да работат на нивната врска, таа го врати на раката. Тимберлејк се обиде на секој можен начин да и се извини на сопругата и рече дека не е во ред, но ништо не се случило меѓу него и неговата колешка. „Пиев премногу таа ноќ и жалам за моето однесување“, рече Џастин откако фотографиите од него со Алисон излегоа на медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi