Ништо од свадбата: Џенифер Лопез не знае дали сака да се омажи за Алекс!

22 декември, 2020
f83ca339ad3fd1732335

Судејќи според нејзините последни изјави, пејачката Џенифер Лопез по четврти пат нема да застане пред олтарот. Таа откри дека размислува да ја откаже најавената венчавка со нејзиниот сегашен свршеник Алекс Родригез. Двојката веќе ја одложи свадбената прослава во Италија, која првично беше планирана за јуни, поради пандемијата на корона вирусот, а се чини дека сега сериозно размислуваат да не застанат заедно пред олтарот.

Дали ќе има четврта среќа за неа?

Сепак, тоа не значи дека парот е пред раскинување. Покрај тоа, 51-годишната девојка истакна дека е исклучително среќна и дека ужива во нивната врска, но опцијата за брак е доведена во прашање. “Разговаравме за тоа. На наша возраст, нормално е да прашаме дали навистина треба да се венчаме или не? На крајот на краиштата, и двајцата сме биле во брак порано. Што ќе ни значи сега”.

Таа исто така призна дека била крајно тажна кога морала да ја откаже планираната венчавка, но наскоро сфатила дека тоа може да биде јасен знак дека треба да размисли. “Ни е дадена можност да размислиме за работите. Ми се чини дека бракот е сè уште важен за нас, но нема брзање, тоа ќе се случи ако треба да се случи”, заклучи Џеј Ло.

Провокација или добра забава?

Во споменатото интервју, Џеј Ло се осврна и на нејзината маска за Ноќта на вештерките оваа година. Латино дивата за таа пригода се реши да стане поп-кралица Мадона, а дел од јавноста беше изненадена од овој потег бидејќи станува збор за поранешната девојка на нејзиниот вереник.

Таа самата не виде проблем во ова и го откри следново: “Нивната врска беше одамна. Не, воопшто не беше чудна. Всушност, бев воодушевена”.

Да се потсетиме, кралица на попот беше во кратка врска со идниот сопруг на Џеј Ло во 2008 година, а покрај Мадона, Алекс може да се пофали и со врски со Камерон Дијаз, Кејт Хадсон и Деми Мур.

escort - Korsan taksi