Нов хит меѓу славните: Бараат љубов преку елитна апликација

8 јуни, 20200
103536252_958801967892214_4297332921605609377_n

Колку е заштитена апликацијата, покажува и фактот дека луѓето што стојат зад Раја прифаќаат само осум проценти од примените апликации.

Дури и познатите личности не можат да одолеат на новиот, најбрз начин за наоѓање љубов. Елитната апликација за запознавање со познати личности, Raye, им пружа комплетна приватност. Ако не сте славна личност, не можете да контактирате преку неа, па дури ни да прегледувате профили. За среќа, многумина од нив јавно зборуваа за задоволството од оваа или слични апликации.

Колку е заштитена апликацијата, покажува и фактот дека луѓето што стојат зад Raye прифаќаат само осум проценти од примените апликации. Се разбира, ако сте познат актер како Метју Пери, Чанинг Татум или оскаровец како Шерон Стоун, нема да мора да чекате долго за влез.

50-годишниот актер од „Пријатели“ неодамна се разиде со својата 21-годишна девојка Моли Хоровиц и веднаш се фрли во потрагата по нова љубов. Пери беше активен на оваа апликација пред Моли, но го избриша профилот кога ја запозна. „Тој се враќа да бара девојки на Интернет и им испраќа пораки“, потврди извор за странските медиуми.

Бен Афлек исто така реши да ја најде среќата на овој начин. Извор за еден американски весник потврди дека актерот се приклучил на апликацијата минатата година.

Откако актерот Чанинг Татум се разиде со славната британска пејачка Џеси Џеј во декември, тој замина по стапките на Бен Афлек и се сврте кон Raye. “Тој сака повторно да се забавува и не му е грижа дали запознал некого преку апликацијата, на улица или ако некој му договори средба.

Зак Ефрон, Деми Ловато и Кара Делевин исто така ја испробале апликацијата. Зак во интервју призна дека се обидел да најде љубов на Тиндер, но сите мислеле дека неговиот профил е лажен, затоа не можел да договори средба. Познатата пејачка Кети Пери, како и Зак, се обиде да најде забава преку Тиндер. Уште во 2014 година, таа признала дека е опседната со Тиндер бидејќи нема многу време, па затоа апликацијата и олеснува да запознае некого.

Актерката Дру Баримор е уште еден корисник на Raye. Таа призна дека отсекогаш бил нејзин сон да оди на средба на слепо. Но, тоа не и успеало, па во 2018 година признала дека престанала да го прави тоа.

Оскаровката Шерон Стоун, исто така ja испроба апликацијата Raye, но кон крајот на минатата година откри на социјалните мрежи дека пробала друга апликација – Бамбл (Bumble).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi