„НОВ ТОМ КРУЗ“- Дали врската на Кети Холмс со младиот готвач е копија на онаа со Том?

1 ноември, 2020
profimedia-0559111913-1-

Дали сака повторно да го помине истото како и со поранешниот сопруг?

Уште од почетокот на септември во јавноста протекоа фотографии од 41-годишната актерка Кети Холмс во прегратките на осум години помладиот готвач Емилио Витоло, заљубениот пар не престанува да ги интригира медиумите и јавноста. Иако новата врска сè уште не е официјално објавена, со нејзиното слободно однесување во јавноста каде слободно разменува нежности со новото момче, Кети јасно стави до знаење дека ова не е минлива авантура,а поради ова, многумина во Емилио го гледаат новиот Том Круз.

Имено, како што пишува Gossip Cop, новата врска на ѕвездата од серијата „Dawson’s Creek“ неодоливо потсетува на почетоците на врската со нејзиниот поранешен сопруг, контроверзниот холивудски заводник, 58-годишниот Том Круз, со кого ја има 14-годишната ќерка Сури. Иако својата актерска кариера ја започна многу рано, Кети секогаш се обидуваше да го задржи својот љубовен живот подалеку од очите на јавноста се додека не го запозна 17 години постариот Том.

Парот, кој на крајот ја легализираше врската со брак, не се воздржа од размена на нежности во јавноста, па така толку често можеа да се гледаат на романтични прошетки, исто како што е случајот со новата врска на Кети. Не криеја колку уживаат во врската и беа постојано заедно. Од друга страна, по разводот со Том, Кети беше многу мистериозна за новите мажи во нејзиниот живот и јавноста знае само за нејзината врска со 11 години постариот колега Џејми Фокс. Сепак, двојката никогаш не се појави во јавноста заедно, а сè што обожавателите знаат за таа љубов дознаа од само неколку папарацо фотографии.

Токму поради горенаведеното, порталот тврди дека новата врска со италијанскиот готвач наскоро би можела да се круниса со брак затоа што е доста слична на онаа со Том, единствениот човек што актерката гордо го претстави во јавноста и единствениот на кому му го кажа судбоносното „да“.

escort - Korsan taksi