Новата опција за телефон овозможува бесконтактно јадење во ресторан. Нема повеќе нечисти менија!

21 мај, 20200
телефон

Како што се попуштаат строгите мерки, рестораните за некое време повторно ќе бидат отворени. Но она ресторанско искуство кое претходно го имавме, сега ќе биде комплетно различно.

Една австралиска платформа им помага на рестораните да ги послужуваат гостите со бесконтактно доживување, а се што треба да направите е да го скенирате кодот на масата и менито ќе се појави на вашиот телефон!

Најдобриот дел?

Со користење на оваа опција на вашиот телефон нема да се создаваат редици за нарачки, нема да правите чудни мимики и движења за да ве забележат за да нарачате, се што треба да направите е да одберете и да платите од вашата маса.

Исто така, во менито можете да ги видите оценките за јадењата од оние што веќе ги пробале.

Оваа опција е сон за секој бактериофоб, а воедно ќе помогне и да се спасат многу дрвја кои би биле пресечени за изработка на менија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi