Омилениот пар има прекрасен повод за прослава: „Цела Македонија ви се радува“

10 ноември, 2020
igor

Игор Џамбазов и неговата девојка, Илина Арсова, постојано се главна тема во домашните медиуми.

Тие двајца постојано споделуваат заеднички објави на социјалните мрежи и го привлекуваат вниманието на јавноста, особено поради тоа што Џамбазов порано вешто го криеше својот приватен живот.

Игор и Илина денеска прославуваат шест месеци од нивната љубовна врска. Оваа прекрасна вест Џамбазов ја сподели со јавноста на Инстаграм.

„Пред 6 месеци, се спои неспоивото, се вљуби невљубивото…“, вели Игор во описот на фотографијата со Илина.

„Ооо муциња па вие имате шестмесечна годишнина“, напиша Петрушевска, долгогодишната пријателка на Џамбазов.

„Среќата е поубава кога е неочекувана“, „Љубовта вечно нека цвета, секој ја заслужува“, „Среќни 6 месеци, да се претворат во 60 години“, „Цела Македонија ви се радува“, се само дел од коментарите.

escort - Korsan taksi