Откријте која страна од мозокот ви е доминантна и што значи тоа

16 август, 20200
Annotation 2020-08-15 233709

Иако секогаш ги користиме двете половини, уште од 1970 година познато е дека кај секој постои “појака” страна  на мозокот, односно дека кај секој од нас се развиени особини кои се поврзани со левата , односно десната страна на мозокот. Левата половина е задолжена за анализа и прецизност, а десната за естетика и чувства.

Поразвиена лева половина

Значи личноста која има поразвиена лева половина подобро владее со логиката, уредна е , доследна и склона на аналитика.

Тие личности можат да се занимаваат само со една работа во исто време, склони се да воочат ситници, добро владеат со јазикот, бројки и симболи, добри реторичари се, односно добро пишуваат. Најчесто пред себе секогаш имаат рационална цел.

Поразвиена десна половона на мозокот

Луѓето кај кои десната страна од мозокот е поразвиена се креативни, интуитивни , повеќе мечтаат, имаат развиена подсвест и добро ја гледаат целата слика. Чувствителни се, субјективни, немаат проблем со мултитаскинг, добро се снаоѓаат во просторот и најчесто се опуштени.

Секако постојат и отстапки од тие основни класификации.

На пример , музичката способност за повеќе луѓе може да е “работа” на десната страна на мозокот, но многу мизичари ја процесираат музиката во левата страна на мозокот и така полесно ги читаат нотите.

За некои училиштето претставува проблем , но тие не се криви за тоа.

Во поголем број на случаи класичното “училишно” учење е концентрирано на развој на “материјал” сместен во левата половина, што не е добро бидејќи може да направи проблем кај “деснаците”.

Колку е важно да го имаме тоа на ум , најдобро покажува податокот дека околу 65 посто од децата денес спаѓаат меѓу оние кај кои десната страна од мозокот е поразвиена, за разлика од порано. Накратко, ако образованието не е ускладено со промените, ќе ни даде одговор за тоа што поголем број на деца се со различни пореметувања во читањето и пишувањето.

Левата половина од мозокот е одговорна за вербалното изразување, а десната за интуицијата. Грубо гледано, жените изговараат двојно повеќе зборови од мажите уште на две годишна возраст. Накратко – жените почесто ја користат левата страна.

Напомена за жените: Кога им велите на мажите: “Мораме да разговараме”, барате од него да ви се придружи во активностите во кои повеќето се чувствуваат инфериорни.

Мажите ги мачат различни чувства

Често доаѓа до збрка заради разликите меѓу креативноста и интуицијата. Главна причина се чувствата, кои често се препишуваат на десната страна. Испитувањата покажале дека среќните чувства се наоѓаат во левата , а несреќните во десната половина на мозокот

Мажите често имаат проблеми со чувствата,  често ги компензираат проблемите со чувствата и со тоа чувствуваат “нешто друго”, на пример, стануваат лути и бесни во ситуации во кои тоа не се очекува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi