Папараците имаа полни раце работа, но се исплатеше: Фотографите открија дека Ема Стоун се омажила, но и дека чека бебе

24 септември, 2020
1315643

Во декември минатата година, холивудската актерка потврди дека по две години врска се верила со нејзиниот партнер, поранешен продуцент на популарната емисија „Saturday Night Live“ Дејвид МекКари, а парот сега го озаконил бракот  тоа во најголема тајност, само неколку месеци пред им се роди првото дете

Откако папараците ги снимија 31-годишната Ема Стоун и четири годишни постариот Дејвид МекКари како носат идентични златни прстени на раката, извор близок до парот потврди за „Page Six“ дека конечно ја озакониле нивната тригодишна врска во тајност.

Но, на фотографиите не беа откриени само венчалните прстени, туку и трудничкиот стомак кој Ема Стоун се обиде да го скрие зад трегерите.

Поранешниот продуцент на популарната емисија „Saturday Night Live“ Дејвид МекКари ја запроси својата девојка уште во декември минатата година и се пофали со тоа на својот Инстаграм профил, а датумот на венчавка првично беше закажан за март. Но, истото, поради пандемијата на коронавирусите, потоа беше одложено.

View this post on Instagram

💕

A post shared by @ davemccary on

Се шпекулираше дека славната оскаровка и продуцент биле во врска уште во октомври 2017 година, но тие се запознале една година порано кога таа била гостинка во „Saturday Night Live“.

escort - Korsan taksi