Пеjачката обвинета дека го исмејува бруталното убиство кое го шокираше светот

30 мај, 20200
profimedia-0300018443

Мадона е остро критикувана на социјалните мрежи поради снимката која ја објави, а на неа нејзиниот син игра на песна на Мајкл Џексон во чест на убиениот Џорџ Флојд. Таа во четвртокот на Twitter објавила видео со нејзиниот 14 годишен син како игра со стисната тупаница на песната „They Don’t Care About Us“ од Мајкл Џексон од 1995 година.

Иако намерата и била добронамерна сепак многу корисници на социјалните мрежи ја критикувале пеачката поради снимката со образложение дека е неприкладна реакција за смртта на Флојд, која предизвика гнев кај меѓународната заедница.

Поранешниот НБА играч Рекс Чепмен снимката ја нарекол „најлош твит на сите времиња“.

„Ајде да играме во кујна против расизмот…. тоа е необична одлука во најмала рака“ – напишал тој.

Мадона е една од бројните славни личности кои јавно го изразија својот гнев поради убиствотот на Флојд. Меѓу нив се и Бијонсе, Џон Боега, Ава Ду Вернеѕ, Тејлор Свифт, Габриела Унион, Карди Би, Синтиа Ериво, Лупита Нионго, Деми Ловато, Виола Дејвис и многу други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi