Пејачката опасно ги загрози животите на многумина

31 јули, 20200
Annotation 2020-07-30 221345

Катастрофата беше веднаш спречена

Кралицата на поп музиката, 61-годишната Мадона беше во самоизолација која ја искористи за да пишува онлајн дневник пред неколку месеци. Во тој период, таа им испраќаше пораки за охрабрување и сочувство на болните, но по закрепнувањето, нејзиниот став се смени. Таа пред неколку дена објави видео на Инстаграм во кое ги убедува следбениците дека вирусот е теорија на заговор, но и дека може да се лекува со потенцијално опасен лек, пишува The Sun.

Madonna

Имено, пејачката ги поддржа ставовите на контроверзната група на лекари наречена „America’s Frontline Doctor“ и сподели видео во кое се вели дека анти-маларискиот лек, т.н. хидроксихлорокин, може ефикасно да го излечи „Ковид-19“.

Откако 45-минутното видео со ‘брзина на гром’ започна да се шири на Интернет, објавата на Мадона веднаш беше блокирана од Фејсбук, Инстаграм и Твитер заради пренесување на лажни информации. Видеото кое таа го сподели на социјалните медиуми тврди дека лекот е единствениот ефикасен начин иако никој досега не го потврдил тоа, и покрај тоа, неправилното земање на анти-маларијална дрога за погрешни цели може да биде фатална за животот.

Во описот, таа напишала „Вистина што ќе ве ослободи“, алудирајќи на надлежните кои, според нејзиното мислење, ги „замачкуваат“ очите на луѓето со лаги за пандемијата на коронавирус. Тврди дека лекот бил тестиран пред повеќе од неколку месеци, но надлежните го кријат тоа од непознати причини.

Популарната музичарка Ени Ленокс ја коментираше постапката на колешката Мадона како неверојатна и крајно неодговорна. „Ова е целосно лудило, не можам да верувам дека промовирате вакви глупости. За среќа, вашиот пост е отстранет “, коментираше таа во одвратност. Од друга страна, некои ја поддржаа и ја пофалија за нејзината храброст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi