Петра Еклстон јавно го навреди поранешниот сопруг: свињо одвратна!

18 мај, 20200
петра 3

Семејството на Петра Еклстон е главна тема на Инстаграм во последниве два дена заради нејзиниот лош однос со поранешниот сопруг Џејмс Стентон.

Ќерката на Берни Еклстон се скарала со поранешнио сопруг од кој се разведе во 2017 година. Она што многумина ги изненадило е јавната кавга на Инстаграм која почнала кога Петра објавила фотографија од нивниот син. Иако подоцна таа кажала дека фотографијата е случајно ставена и веднаш ја избришала, тоа го разлутило Стент.

– Повеќе од две години не смеам да го видам синот. Болно е како некој се осудува да ги користи моите деца за да ме вознемирува- рекол Џејмс. Но Петра не останала покуса, па почнала да се расправа.

– За Џејмс Стент. Ова случајно го објавив и веднаш штом сфатив дека е јавно го избришав. Не давај мислење за моите деца, тешко е дека си татко на годината и немаш право да го изнесуваш своето мислење. Одбиј свињо одвратна. Остави не еднаш засекогаш на мира, збогум- напишала таа на Истаграм. Но тука не бил крајот на кавгата, па напишала уште нешто.

– Престани со лагите, свињо одвратна. Никој не те спречува, имаш судска одлука дека мораш да направиш тест за дрога пред да ги видиш децата. Не се ни обиде да го направиш тоа. Ниту им се јавуваш, ниту им честиташ Божик, или роденден. Ти си лажлува срамота од маж кој само бара внимание и сожалување. Престани да ја спомнуваш мојата фамилија и да зборуваш за моите деца- додала таа.

Петра во моментов е во врска со Џејмс Палмер и имаат заедничко дете. Со Стент се запознале во 2006 година, а се венчале пред пет години во Рим. Се развеле зашто Стент бил насилен, ја злоставувал и се дрогирал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi