По 40 години Силвестер Сталоне открива што се случувало позади камерите на снимањето на Роки (ВИДЕО)

8 јуни, 2020
imageedit_193_7401273080

Новиот документарец ќе ги одушеви сите љубители на култниот филм за познатиот боксер Року Балбоа.

Силвестер Сталоне одлучи дека после скоро 40 години ќе открие сѐ што се случувало зад камерите во 30-минутниот докуметарец за култниот филм, односно ќе опише сѐ што не било прикажано во филмот.

Иако многумина сметаат дека Роки Балбоа е всушност улогата на неговиот живот, славниот глумец открива дека не бил спремен за такво нешто, но Роки бил.

  • „Беше рано наутро на улиците на Филаделфија. Се смрзнувавме. Одеднаш почнав да чувствувам како нешто се буди во мене и слушнав како ме прашуваат: -Слај, спремен ли си? – Јас одговорив: Не сум, но Роки е спремен. Вие сте среќна личност ако дознаете дека најдобриот пријател кој што некогаш сте го имале е лик кој излегол од вашата глава. Секогаш имате некој покрај вас и никогаш не се откажува.“ -вели глумецот.