По два неуспешни брака сепак ја најде својата среќа

29 мај, 20200
216347_profimedia0491250164_ls

Софија Вергара (47) и Џо Манџаниело (43) важат за еден од најскладните и најубави парови во Холивуд, а оваа година во ноември ќе прослават 5 години брак.

Прекрасната колумбиска актерка пред Џо имала 2 пропаднати бракови, трауматични веридби и бројни врски со контраверзни мажи. Но судбоносната средба се случила во Белата Куќа за време на традизионалната вечера за новинари и познати личности.

Доказот за посветеноста и вистинската љубов актерката го поделила со медиумите за време на изолацијата кога поминувале време заедно по цели денови.

„Ни беше многу убаво и ниеднаш не се скаравме додека бевме во изолација. Си дававме доволно персонален простор и време еден на друг за да не си здосадиме“ – изјаввила Софија и додала дека се среќни што имаат пространа куќа во Лос Анџелес што е и причината за комфортот и уживањето во овие тешки времиња.

Таа истакна дека на мажот му дала слобода за неговата омилена активност, како и тој на неа.

„Џо сака да поминува време во теретана, додека јас за тоа време ги завршувам онлајн состаноците. Имаме доста разбирање еден за друг и мислам дека тоа многу ни помага во нашиот однос.“ – заклучила таа .

„Се омажив рано и станав млада мајка, но сето тоа е нормално во Латинска Америка пред 20 години. Нормално сега се е поинаку и по лошиот брак кој го имав се променија многу работи. Денес сакам поинакви работи од љубовта, кои ме даваар желба за успех, свои финансии и да оставам белег со мојата кариера.“ – рекла во една прилика Софија која има син Маноло од пропаднатиот брак со средношколската љубов Џоел Гонзалес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi