По години и години чекање конечно сагата со ново продолжение Twilight

30 мај, 2020
42535-MV5BMTg2NjI2NDYzNl5BMl5BanBnXkFtZTcwOTIyNzU1Mw@@._V1_SY1000_CR0,0,1503,1000_AL_

Скоро сите дигнаа раце од идејата дека ќе гледаме нов филм од сагата Twilight, но Стефани Маер ја најави новата книга под име „Midnight Sun“

Иако оваа година започна катастрофално, од време на време ќе се случи нешто што малку ќе не развесели. Најновата вест која се појави на интернет порталите е објавата дека авторката на Twilight оваа година, односно на 4 август, ќе ја издаде новата книга за вампирската сага под име „Midnight Sun“. Дел од оваа книга случајно се појави во 2008 година, а дејствието се случува од перспектива на Едвард Кулен и неговиот внатрешен дијалог откако ја запозна Бела. Поради ова, авторката рекла дека книгата ќе биде малку помрачна. Преку книгата ќе се дознае што се му поминувало низ глава и зошто тоа бил толку важен момент во неговиот живот.

Она на што сега сите се надеваме е дека во улогите на Едвард и Бела повторно ќе ги видиме Роберт Патисон и Кристен Стјуард, бидејќи што е Twilight без нив двајца?

Би било многу чудно ако во ова продолжение и негова екранизација видиме сосема нови глумци.