По затворот поради мултимилионски измами, „Очајната домакинка “ гола – без цензура!

8 мај, 20200
0_MAIN-Felicity-Huffman

Актерката Фелисити Хофман се соблече за нова улога во „Tammy’s Always Dying“

Американската актерка Фелисити Хафман (57), која стана позната по улогата на Линет Скаво во серијалот „Очајни домаќинки“, која се емитуваше од 2004 до 2012 година, сега се соблекла целосно гола за снимање на нов филм.

Felicity Huffman Is Pushing For A "Desperate Housewives" Reunion ...

Родена е во Бедфорд, Њујорк, во богато семејство и има освоено бројни актерски награди, вклучително и награда Еми, Златен глобус, награда SAGA и беше номинирана за Оскар.

Сега, за потребите на главната улога во канадската црна комедија „Tammy’s Aleays Dying“, таа ја соблече топлес и ги покажа градите пред гледачите.

Филмот е во продукција на Ејми Џо Џонсон и станува збор за тоа дека главната актерка, која има лош однос со нејзината ќерка, дознава дека боледува од карцином.

Кога ќерката исто така дознава за болеста на нејзината мајка, таа се обидува да ја наплати нивната несреќна состојба и почнува да ја снима и документира грижата за нејзината мајка која е болна.

Нејзините планови навистина се комплицираат затоа што Тами (Фелисити) одбива да умре… И тука започнува приказната.

Ова не е првпат Фелисити да се соблече за потребите на улогата, таа го има ова направено во сериите „ Out Of Order “, сериите „ Bedtime “, филмот „ Transamerica “, како и во серијалот „Очајни домаќинки“ неколку пати.

Да потсетиме, Феслити учествуваше во мултимилионски измами во Америка, за што беше во затвор.

Таа беше ослободена откако одлежа 11 од нејзината 14-дневна казна.

Откако таа беше ослободена од затвор, беше објавено дека Фелисити ја очекува 250 часа социјално корисна работа и мораше да плати казна од 30.000 долари.

Фелисити беше осудена на 13 септември оваа година, а беше осудена од судијката Индира Талвани, во Бостон.

Пред да ја објави пресудата, Талвани рече дека Фелисити знаела што згрешила: „Таа знаеше дека станува збор за измама. Тоа не е импулсивен чин. Обидот да се биде добра мајка не го оправдува тоа“.

Ѕездата од серијалот „Очајни домаќинки“, како и нејзината колешка – актерката Лори Лаулин (54), беа дел од „октоподот“ познати мајки обвинети за мито, како и организирање измами со испити, со цел нивните деца лесно да можат да влезат во најдобрата американска „ Ivy League“.

Додека Лаулин не ја признавала вината, мислејќи дека обвинителството блефира, Фелисити решила да соработува со властите и призна дека таа дала 15.000 долари со цел да ги подобри резултатите на САТ (еквивалент на државната матура) на нејзината ќерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi