Почетокот на нејзината кариера: Софија Вергара уште еднаш воодушеви со секси фотографија од 90-тите

6 ноември, 2020
1342153

Пред да се пробие во Холивуд, Софија Вергара заработуваше за живот како модел во Мајами, а потоа и во Лос Анџелес. Таму пристигнала од родната Колумбија каде планирала да стане стоматолог. Како и да е, животот ја однесе во сосема друга насока

Ако нејзиниот живот одеше како што беше планиран и ако ја дадеше последната година на стоматолошки студии во нејзината родна Колумбија, веројатно светот дури и немаше да знае за неа. Никогаш не би имале можност да ја запознаеме познатата и привлечна Софија Вергара, денес една од најплатените телевизиски актерки во Светот.

Во 90-тите години, младата Софија пристигна во Мајами без план, како и повеќето други од Јужна Америка. Желбата за подобар живот од оној што го имаше во Колумбија ја одведе напред. Не требаше долго за таа да се истакне меѓу многу Американки со својата латино убавина и предизвикувачки атрибути.

View this post on Instagram

#tbt The 90’s Miami!!🌴🌴🐬🐬

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

Наскоро стана многу баран модел во бројни рекламни кампањи. Така, во нејзината колекција на фотографии од старите денови, таа има многу голи фотографии, кога навлегла во сцената во раните 20-ти.

Сега таа покажа една од нив преку Инстаграм и едноставно ја воодушеви многубројната публика и обожаватели. „Мајами 90-ти“, напиша таа под фотографијата на која позира на зајдисонце крај брегот, а во преден план беа бујните гради и витката фигура во бел костим за капење.

View this post on Instagram

#tbt2000s Los Angeles🌵🌵

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

Патем, Вергара не е типична слаба жена, туку жена која гордо ги носи сите свои облини и секогаш истакнуваше дека токму тие ја доведоа до самиот врв во телевизискиот бизнис.

„Отсекогаш сум имала таква фигура и брз метаболизам. Никогаш не страдав од прекумерна тежина како некои од моите пријатели. Сега кога сум постара, морам само да го одржувам своето тело здраво “, изјави неодамна згодната актерка.

escort - Korsan taksi