Почина бившиот член на емисијата “Mythbusters”

15 јули, 20200
Annotation 2020-07-14 153103

– Беше навистина сјаен инжењер, уметник и забавувач, но истовремено и великодушна и нежна личност – напиша Адам, колега на Грант од емисијата.

Бившиот член на познатата емисија “Mythbusters”, Грант Имбаха почина ненадејно во 49тата година од животот, а причината за смртта сеуште не е позната, пишува Ladbible.

Тимот на Discovery Channel, на кој се емитува споменатата емисија, во официјално соопштување наведе дека се шокирано и уништени од ненадејната смрт на Грант.

– Срцата ни се скршени откако ја слушнавме оваа тажна вест за Грант. Тој беше важен член од нашето Discovery семејство и навистина извионреден човек. Нашите мисли и молитви се со неговото семејство – пишува во соопштението.

Грант беше ижењер по електротехника и роботичар, на емисијата “Mythbusters” и се придружи во третата сезона, а дел од екипата стана во 2014 година. Неговиот колега од емисијата, Адам се огласи на социјалните мрежи по повод ненадејната смрт на Грант.   

-Ова е голем губиток. Останав без зборови. Бев дел од две големи фамилии со Грант Имбаха во последните 22 години. Беше сјаен инжењер , уметник и перформер, но истовремено и великодушна и нежна личност. Работата со Грант беше многу забавна. Ќе ми недостасува пријател- напиша Адам.

Grant Imahara, 'MythBusters' and 'White Rabbit Project' Host, Dead ...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi