„Помладо послатко“? Кејт Бекинсејл е повторно сама, го остави своето 24 години помладо момче. Од кога се разведе, таа „паѓа“ само на помлади

24 октомври, 2020
o_12892338_1024

Познатата 47-годишна актерка Кејт Бекинсејл повторно е соло. Британските медиуми пишуваат дека убавата актерка, позната по улогите во филмовите „Underworld“, „ Van Helsing“ и „Pearl Harbor“, го оставила својот 24 години помлад партнер, 23-годишниот канадски пејач Гуди Грејс. Кејт ги избриша сите споделени слики од Инстаграм и престана да го следи, сега веќе поранешно момче.

Причините за раскинувањето не се познати, но се чини дека Кејт дефинитивно се наоѓа покрај помладите мажи.

Уште откако се разведе од режисерот Лен Визерман, со кого беше во брак 12 години, во 2015 година, таа уживаше во друштво на стенд-ап комичарот Мет Риф, кој е 12 години помлад од неа. Потоа започна емотивна врска со 15 години помладиот Џек Вајтхол, исто така комичар.

escort - Korsan taksi