Поранешната sвезда на тинејџерските серии има нова кариера: „Холивуд е поголемо понижување од порно“

7 октомври, 2020
гг

Актерката Мејтленд Вард (43) ја започна својата кариера во серијата „Храбар и убав“, во кој ја играше Џесика Форестер од 1994 до 1996 година, а беше позната со години по улогата на Рејчел Мекгваер во тинејџерската серија на Дизни, „Момчето го исполнува светот“.

Снимањето на серијата заврши пред цели 20 години, а Вард премина во индустријата за возрасни на 35-годишна возраст. Иако во последните години беше нападната од многумина за смена во кариерата, таа својот потег го карактеризира како феминистички.

View this post on Instagram

Purple Haze 💜

A post shared by Maitland Ward Baxter (@maitlandward) on

Холивуд стана ограничувачки и досаден за мене. Повеќе не сакав моите единствени опции да бидат дали да играм мајка тинејџер во ситком или да живеам на сметка на улогата што ја играв во мојата младост. Беше прекрасна улога, не ме сфаќај погрешно, но имав многу повеќе да дадам и да покажам. Холивуд е страшно понижување за жените над 35 години. Освен ако не сте некој како Џенифер Анистон или некој екстремно популарен, тие не сакаат да ве гледаат секси или еротски “, го раскажа Вард своето искуство.

escort - Korsan taksi