Потег кој ја уништи неговата кариера: Џони Деп е понижен, a неговата репутација е сериозно нарушена по пресудата. Ова не е прв ваков случај во Холивуд

4 ноември, 2020
o_15176066_1024

Ризикуваше и изгуби. Тој изгуби судски спор во кој ги тужеше News Group Newspapers, издавачот на таблоидот „The Sun“, за клевета во врска со написот објавен во април 2018 година, во кој тој наводно ја тепал својата поранешна сопруга. Изгуби седум до осум милиони долари за да ги плати трошоциte и судот, беше понижен и неговата репутација беше неповратно уништена по пресудата со која се потврди дека тој бил насилник на семејството кој ја тепал својата сопруга.

Очигледно, тој ја изгуби и холивудската кариера затоа што е тешко да се очекува дека по ваквата пресуда, иако најверојатно ќе се жали, големите студија и продуценти ќе сакаат повторно да соработуваат со Џони Деп. Снимањето веќе започна на третото продолжение на франшизата „Фантастични ѕверови“, дериват на „Хари Потер“, во кој Џони ја толкува улогата на Гелерт Гринделвалд, но допрва ќе се види реакцијата од студиото на „Warner Bros“ дали да го исфрлат од филмот или да продолжат да работат со него. Ова му се случи на Кевин Спејси по обвинувањата дека сексуално злоставувал голем број млади мажи, останал без улога во серијата „Куќа од карти“ и бил избришан од филмот „Сите пари на светот“, а подоцна сите тужби биле отфрлени.

Понудите за улоги во семејни филмови, на кои се потпре во последните години и кои му донесоа милиони долари, веројатно нема да стигнат повеќе до неговата адреса. Него го следи очајна борба да ја спаси кариерата по дебаклот во лондонскиот суд, а некои експерти за управување со кризи ја споредуваат оваа „невозможна мисија“ со искачување на Еверест без кислород, бос, во долна облека.

Холивуд е многу внимателен и не сака да се грижи за финансиските ризици во кои студијата што снимаат франшизи сигурно нема да им се препушти. За 57-годишниот Џони, изгубената тужба за клевета е тотална катастрофа, а единствена надеж му се бројните обожаватели кои го поддржуваат без оглед на пресудата, а сепак тој сè уште не треба да се отпишува. Останува да видиме што ќе резултира од можната жалба на пресудата и како ќе се развијат двата судски процеса во САД, доколку воопшто продолжат.

Џони ја тужеше својата поранешна сопруга Амбер Херд, барајќи отштета од 50 милиони долари за написот што го напиша за „Washington Post“ во декември 2018 година, тврдејќи дека е жртва на семејно насилство. Амбер го тужеше Џони за отштета од 100 милиони долари, тврдејќи дека тој и неговиот правен тим започнале глобална кампања против неа. Првите рочишта по тужбата на Џони треба да се одржат во мај следната година, но се поставува прашањето дали тој може да се повлече бидејќи голем број правни експерти проценија дека пресудата од Лондон ќе има големо влијание врз судскиот процес во САД.

Многумина проценуваат дека тужбата за клевета против таблоидот „Тhe Sun“ е погрешна проценка и Деп не требаше да ризикува толку, но тој постојано тврдеше дека не бил насилен кон неговата поранешна сопруга и не поднел тужба за пари, туку за да ја измие дамката на неговото име. Тој не го стори тоа, беше прогласен за семеен злоставувач на судот, а експертите тврдат дека ќе беше подобро да издадеше изјава по објавениот напис во „The Sun“, во кој тој ќе ги негираше обвинувањата, што ќе остави сè во прашање и ќе избегне катастрофално сценарио.

escort - Korsan taksi