ПОУБАВА ФОТОГРАФИЈА И ПОНЕЖНИ ЗБОРОВИ ДЕНЕС НЕМА ДА ВИДИТЕ! Вака Ана Ивановиќ му ја честиташе годишницата на Бастијан Швајнштајгер

14 јули, 20200
Annotation 2020-07-13 172515

Пред четири години, српската тенисерка му вети вечна љубов на германскиот фудбалер, а деталите за романтичната венчавка во Венеција ги следеше цел свет

Иако дадоа се од себе за да ги сокријат од српската, германската и европската јавност, деталите за нивната свадба, папараци од целиот свет се најдоа во Венеција тој јулски ден кога фудбалерот Бастијан Швајнштајгер и тенисерката Ана Ивановиќ се заколнаа на вечна љубов.

Парот со насмевка помина покрај папараците и се упати на прославата, а сега ни покажа неодолива фотографија која досега не сме имале прилика да ја видиме. Ана не откри дали таа настанала во текот на нивниот свадбен танц или покасно, но покажа со какви насмевки таа и сопругот стапија во брак. Токму со оваа фотографија Ана му ја честиташе годишницата на својот сакан.

Имам чувство како да се случува денес. Сите наши пријатели, целата смеа, сите овие спомени. Ти благодарам, Бастијане, за се што правиш, велиш и се што си ми мене. Се чувствувам благословено — напиша Ана.  

https://www.instagram.com/p/CClWvdngb7a/?utm_source=ig_embed

Парот стапи во брак на денешен ден пред четири години, а од тогаш уште два пати неизмерно се радуваше: кога на свет стигнаа нивните синови, Лука и Леон. Сепак, не се сомневаме дека секојдневно се трудат да си измамат насмевка еден на друг…

Погледнете ги!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi