Познат глумец се обиде да се самоубие за да го спаси својот брат!

19 септември, 2020
брат

Сите го познаваме Ештон Кучер како еден од најпопуларните актери, но неговата биографија крие и една сосема неверојатна приказна за многу специфичната врска со неговиот брат близнак.

Мајкл Кучер имал проблеми со срцето во својата младост и тоа во голема мера го одредило животот и на неговиот брат.

Кога двете момчиња имале 13 години, состојбата на Мајкл се влошила и само трансплантација на срце можело да го спаси. Бидејќи донаторот не беше на повидок, тагата и мракот во семејството станаа неподносливи, особено за Ештон.

Често се случуваше да не биде дома неколку дена, бидејќи не можеше да го издржи стресот и сакаше барем малку да си ги пренасочи мислите.


Кога Мајкл заврши во болница, деновите почнаа да одбројуваат. Ештон паднал во тешка ментална состојба и отишол дотаму што се обидел да се самоубие.

Тој застана на балконот во болницата каде лежеше неговиот брат, посакувајќи по неговото смрт, срцето да му биде подарено на Мајкл. Во последен момент, неговиот татко успеа да го одврати од тоа.

Во времето кога се одвивала драмата, се случила сообраќајна несреќа во друга држава и лекарите биле информирани дека едно срце е слободно.

Извршена била операција, а Мајкл остана жив. Денес, тој функционира сосема нормално и живее убав живот. Се разбира, гестот на неговиот брат никогаш нема да биде заборавен.

Особено што оваа драматична ситуација влијаела на нивните животи. После училиште, Ештон отишол да студира биохемиски инженеринг за да измисли лек за болеста од која страдал неговиот брат и многу други луѓе. Но, неговата судбина беше да стане холивудска sвезда. Мајкл стана адвокат кој ги брани правата на децата со церебрална парализа, а браќата Кучер денес често се активни во добротворна соработка.

escort - Korsan taksi