Принцот Вилијам и принцот Хари конечно се СМИРИЈА и тоа по овие шокантни обвинувања за нивната мајка!

14 ноември, 2020
Screenshot_12

Контроверзното „Панорама интервју“ на принцезата Дијана го смени погледот на Светот на британското кралско семејство откако покојната принцеза објави многу приватни информации за нејзиниот живот во британското кралско семејство и бракот со принцот Чарлс. Но, прашањата на Мартин Башир во интервјуто и признанијата што му ги даде принцезата Дијана се само еден аспект од целата приказна. Имено, ова интервју не само што и го наруши угледот на Дијана, туку и нанесе штета на некои нејзини лични односи во палатата, вклучувајќи ги и оние со нејзините синови.

Симоне Симонс, пријателка на покојната принцеза, признала за „Vanity Fairu“ дека принцот Вилијам надвор од себе, откако неговата мајка го даде тоа интервју. Според Симонс, тогашниот 13-годишен принц бил физички малтретиран на училиште и бил наречен со секакви погрдни имиња откако интервјуто било емитувано пред 25 милиони луѓе. Ова беше причина за првата голема расправија помеѓу принцот Вилијам и неговата мајка.

Да потсетиме, ова интервју беше постојано во вестите во последните денови поради шпекулациите дека водителот Мартин Башир ја „измамил“ покојната принцеза Дијана за да му даде ексклузивна приказна. BBC, мрежата што го емитуваше интервјуто, се извини за злоделата на Башир. Тие исто така ветија дека ќе продолжат да работат и истражуваат настани поврзани со интервјуто.

Штетата предизвикана од интервјуто на принцезата Дајана е ненадминлива бидејќи го уништи достоинството на целото кралско семејство, а мислењето на луѓето за британската монархија се смени засекогаш поради тоа. Но, најлошото е што штетата е направена и на нејзините синови, принцот Вилијам и принцот Хари. И покрај тоа што Дијана се здоби со изразена симпатија по овој настан, кралските обожаватели ја означија како медиумски манипулатор и личност која сакаше да го уништи кралското семејство.

Сепак, оваа приказна би можела да заврши добро за Вилијам и Хари затоа што се вели дека кралските браќа внимателно го следат развојот на приказната и дека поради полемиката поврзана со интервјуто тие решиле да се помират и да се обединат за да го одбранат името на нивната мајка, без оглед колку е штетно делувало на нив кога биле деца. А, братот на Дијана, Чарлс Спенсер верува дека вистината ќе надвладее и дека тој ќе го исчисти името на неговата сестра дури и по нејзината смрт.

escort - Korsan taksi