Рајан Рејнолдс урнебесен дури и кога се тестира за корона

16 септември, 2020
h_55164367-725x510

Актерот Рајан Рејнолдс беше тестиран за вирусот корона, а тој на своите следбеници на Инстаграм им го опиша на свој начин како се чувствувал при земањето на примерокот.


Тој се врати на својата работа, продолжувајќи да го снима филмот „Црвено известување“, поради што мораше да биде тестиран на КОВИД-19 во саботата. Неговата сопруга Блејк Лајвли ги фотографираше неговата реакција и изразот на лицето додека медицинската сестра му зема брис од носот со стап. Рајан ги објави фотографиите на својот Инстаграм профил и опиша како се чувствува на урнебесен начин. „Тестот Ковид е брз и лесен. Лекарот става брис во носот, доволно длабоко за да ги скокотка спомените од детството, и тогаш е готово. Без оглед што ќе му кажете, тој нема прво да ви купи вечера “, напиша тој хумористичен опис со фотографиите.

Да потсетиме, актерот неодамна откри дека тој, неговата сопруга Блејк и нивните две ќерки биле позитивни на коронавирус.

escort - Korsan taksi