Раперот кој се фалеше со купчиња евра најден мртов во својот дом

22 мај, 20200
b535b867-ce98-428b-91e1-c23cc933f832

Давид Мота или познат како Mota Jr е пронајден мртов два месеци подоцна откако е беше пријавено неговото исчезнување. Португалскиот музичар кој имал 28 години исчезнал на 15 март, а се верува дека тогаш е киднапиран пре семејниот дом. Неговата мајка Миломена Мота вели дека некој го побарал на телефон доцна во ноќта по што излегол од куќата и тоа е последен пат кога е виден. Таа рекла дека нејзиниот сосед и се јавил во 2 часот по полноќ за да праша дали нејзиниот син е во ред, и всушност таа тогаш забележала дека не е во својата соба, а дека пред влезот на куќата нашла крвави папучи и шешир, кои му припаѓале на нејзиниот син, а имало и крв во лифтот.

Раперот бил познат по тоа што на социјалните мречи сакал да се фали со луксузниот живот кој го живеел, накит, луксузни автомобили, иако и покрај ваквиот имиџ се утврдило дека тој бил далеку од милионер.

Полицијата верува дека тој бил мачен за да каже каде се наоѓа неговото скриено богатство и лускузни предмети по што го убиле, а наредниот ден го искористиле моментот кога семејната куќа била празна и ја ограбиле.

Два месеци после киднапирањето неговото тело е пронајдено во шумски предел 50 км оддалечен од нековиот дом. Полицијата започнала истрага а случајот го третираат како киднапирање и убиство.

Мота станал познат по видео записот за хитот Ca Bu Fla Ma Nau, заедно со Piruk, а спотот е погледнат повеќе од 21 милион пати. Мот наводно тврдел дека Piruk му должел пари, то тоа било негирано од Piruk.

Истрагата е сеуште во тек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi