Раперот раскина со својата девојка неколку дена откако Канје го обвини дека имал афера со Ким!

27 јули, 20200
izvini

Раперот Меик Мил раскина со неговата девојка Милан Харис.

Минатата недела Канје Вест напиша дека две години се обидува да се разведе од Ким Кардашијан, бидејќи таа договорила средба со раперот Меик Мил во хотелот „Waldorf“ за да разговараат за реформата на затворскиот систем.

Вистинското име на 33-годишниот рапер е Роберт Римек Вилијамс. Тој и модната дизајнерка Милан добија машко бебе на 7 мај, истиот ден како неговиот роденден. На Твитер музичарот напиша дека ќе останат пријатели со Милан.

Канје Вест, во меѓувреме, јавно и се извини на својата сопруга, која неколку дена порано го нарече брилијантен, но комплициран.

Но, Меик предизвика контроверзии пред неколку дена со чуден коментар под објавата на Ники Минај, во која се наведува дека е бремена. Ники и Меик раскинаа во 2017 година по две години врска, пренесува Daily Mail. Под една нејзина фотографија, Меик остави еден куп на емоции, поради што раперката, наводно, ги исклучила коментарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi