Ретко кој го знае ова: Дали знаете кое е вистинското име на Ален Исламовиќ?

11 август, 2020
189571_jeca-dj-_ff

Како пејач на „Divlje jagode“ и „Bjielo dugme“, Ален Исламовиќ „палеше и жареше“ во поранешна Југославија, но малкумина го знаат неговото вистинско име.

На почетокот на осумдесеттите години, кога „Divlje jagode“ стануваа сè попопуларни, еден млад пејач по име Алија Исламовиќ го привлече вниманието на продуцентските куќи и тие наскоро предложија тој да го промени името во Ален.

– Кога се случи успехот на „Divlje jagode“, групата во која пееше Исламовиќ, челниците на поранешниот „Југотон“ излегоа со идеја која во почетокот нему не му се допадала. Тие му предложија на Алија да го користи уметничкото име „Ален“, со образложение дека звучи подобро и дека ќе добие голема популарност кај публиката. Тој малку негодуваше, не сакаше да го смени своето име, но брзо попушти и ги послуша советите на неговите претпоставени. Денес скоро никој не знае дека вистинското име на Ален е Алија – изјави извор близок до Исламовиќ.

Од друга страна, Ален исто така потврди дека неговото вистинско име е Алија.

– Тоа е точно. Нема ништо чудно во тоа, многу светски ѕвезди избираат друго име со кое се претставуваат во јавноста, обично некое што звучи повеќе примамливо. Истото беше и во мојот случај – објасни Исламовиќ во една прилика.