РЕЗИДЕНЦИЈА ОД КОЈА ЗАСТАНУВА ЗДИВОТ: Ештон и Мила ја продаваат ВИЛАТА за 14 милиони, а за овој луксуз многумина можаат само да сонуваат

2 август, 20200
mila2006_anons

Актерската двојка Мила Кунис и Ештон Качер решија да ја стават двоспратна куќа со површина од околу 730 метри квадратни на оглас, додека во непосредна близина тие градат куќа во поразличен стил.

Луксузниот имот што го продаваат е првиот што тие го уредија заедно и има прекрасен базен во форма на лагуна и зрачи со чиста елеганција.

Актерите, кои станаа успешни инвеститори, сега бараат 14.000.000 американски долари за нивниот дом во Кањонот Калдвотер, кој беше и нивна примарна резиденција и првиот имот што го купиле како брачна двојка. Самиот имот се наоѓа на еден рид над Беверли Хилс, во заштитено маало.

Резиденцијата што ја продаваат е опишана како безвременски традиционален имот, а е изградена во 1999 година.

На главното ниво има совршено димензионирани заеднички простории, вклучително и дневна соба со камин, простран и удобен мебел, додека сè, како и во остатокот од домот, е во светлосни тонови.

Веднаш има формална трпезарија со големи прозорци кои овозможуваат многу природна светлина, а во која можат да се сместат 10 лица.

Огромната кујна е целосно бела и содржи комбинација на антички и модерни уреди, со катче за појадок и блиска семејна просторија со друг камин. Дрвени подови од какао-кафеава боја се протегаат низ целиот трокатен дом и му даваат на просторот посебен шарм, а во повеќето простории се покриени со необични бели теписи.

Горе, има четири елегантно украсени семејни спални соби, секоја со своја приватна бања и гардероба. Мебелот, прекривките и sидовите се во пастелни нијанси, додека очигледно е дека се земени предвид удобноста и практичноста.

На пониското ниво има гостинска соба заедно со многу други луксузни убавини, како винарска визба, теретана и сауна па гордите сопственици не мора да го напуштат овој луксузен дом дури и за вежбање и разубавување.

Во дворот има и базен во форма на лагуна, кој е делумно заграден со жива ограда, така што се водело сметка и за приватноста. Има и џакузи, но и неколку заградени тераси, така што семејството може слободно да ги пречека пријателите.

Кој ќе го купи овој имот, ќе ужива во друштво на други познати личности, како Адел, енифер Лоренс, Никол Кидман, Камерон Дијаз, Пенелопе Круз, Зои Салдана, Зиги Марли и многу други кои избрале да градат дом во оваа мирна и семејна област.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi