Рис Витерспун вели дека не се плаши од смртта

14 јуни, 20200
фсдфсдф


Рис Витерспун, за време на новиот разговор со „Los Angeles Times“, рече дека не се плашела од смрт заради начинот на кој го живее својот живот. Во интервјуто во кое актерката од „Legally Blonde“ откри како нејзината вера во Бога ја прави задоволна со животот во последно време. Витерспун рекла дека знае дека „постои рајот“ и дека е сигурна во тоа. Според Рис, нејзината епископска вера ќе ја одведе до небесните порти и не може да биде по сигурна од ова! Наводно, Рис оди во црква двапати неделно а пораснала пеејќи во црковен хор. Рис вели дека никогаш не се откажала од помислата дека постои живот и по овој живот. Актерката има целосно убедување во идејата дека „таму некаде“ постои некоја виша сила.

„Јас едноставно не се плашам да умрам“, забележа актерката. Таа во своето срце чувствува дека сите на земјата се Божји деца и ние сме на планетата за да откриеме какви подароци ни се дадени и да ги споделуваме со светот.


Имајќи го ова предвид, Рис рече дека сè уште мрази кога губи некој близок. Изминатиов месец, нејзината продуцентка на „Little Fires Everywhere“, Лин Шелтон, почина на 54-годишна возраст. Рис рече дека била одлична личност која била неверојатно талентирана. Се разбира, Рис Витерспун не е единствената славна личност што има верба во Бога. Крис Прат е уште еден христијанин во Холивуд кој е побожен верник. Канје Вест е познат по неговиот неодамнешен пробив во евангелистичката музика, што се доживеа како огромен шок за многу негови обожаватели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi