„САКА ДА ЈА ИСКОРИСТИ“ Џони Деп има нова жртва!

26 ноември, 2020
profimedia-0558949389

Штотуку ја заврши драмата со поранешната

По скандалозното судење со неговата поранешна сопруга, манекенката Амбер Херд, која неодамна конечно го доби својот епилог и покажа дека тој сепак ја злоупотребувал жената со која беше во брак само 15 месеци, американскиот актер, 57-годишниот Џони Деп, реши да сврти нова страница. Според магазинот „New Idea“, актерот е решен да ја заведе својата 58-годишна колешка Деми Мур и да ја искористи за подигнување публицитет.

Како што изјави извор за споменатите медиуми, Џони размислува за начините на кои повторно ќе се пробие во Холивуд, а во Деми гледа совршена можност. Актерот, наводно, секогаш бил заљубен во ѕвездата на филмот „G. I. Jane“, па сега го замоли својот пријател, 34-годишниот актер Арми Хамер да договори состанок со Деми затоа што 34-годишникот во моментов се гледа со најстарата ќерка на 58-годишната актерка, 32-годишниот Румер Вилис.

Исто така, истиот извор додаде дека ѕвездата на филмот „Пиратите од Карибите“ смета дека тој и 58-годишната Деми се совршен пар бидејќи и двајцата имале разни скандали што ги следеле во нивната долга кариера, но исто така докажале како можат да се справат и носат со нив. Иако, според медиумите, на актерот му било советувано да ја прескокне романсата со Деми бидејќи е познато дека актерката има доста високи стандарди, Џони планира да ги достигне.

escort - Korsan taksi