Сара Џесика Паркер: Скромна личност сум и не сум горда на тоа како изгледам

16 јуни, 20200
Annotation 2020-06-15 184631

Глумицата Сара Џесика Паркер денес важи за една од највлијателните жени во Холивуд, која зад себе има бројни успешни улоги и статус на неприкосновена модна икона. Сепак, на почетокот на кариерата и таа имала потешкотии да се избори за своето место, но никогаш не отстапувала од своите принципи.

-На почетокот на кариерата продуцентите говореа како ќе морам да се соблечам на сетот, а јас само почнав да плачам и го одбивав тоа. Мојот агент јасно ми кажа да не правам ништо што пркоси на мојата интуиција и веднаш испрати автомобил и авионска карта да ме врати дома. Свесна сум колку сум среќна што во тој момент сум имала таков човек до себе. Неодамна ја сретнав продуцентката која ме потсети на оваа сцена. Бев под страшен притисок, вели Сара Џесика Паркер за магазинот “People”.

Глумицата додаде дека во договорот за серијата “Сексот и градот” имала посебна клаузула во која е наведено дека нема да мора да се соблекува.  

How 'Sex and the City' Holds Up ... And Doesn't

-Скромна личност сум и не сум горда на тоа како изгледам. Не можеа доволно да ме платат, нити па да најмат некој да го глуми моето голо тело во таквите сцени. Во мојот договор исто така беше наведено: “без двојник за тело”, вели глумицата која овие денови е во центарот на вниманието поради кавгата со колешката Ким Катрал која во серијата го толкуваше ликот на Саманта.

Третото продлжение на "Сексот и Градот" се откажа, Сара Џесика ...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi