Се сеќавате ли на овој актер од македонските приказни: Речиси секогаш играше негативец, а приватно беше кроток и врвен артист

9 август, 2020
akter

Се упокои два дена пред новата 2002 година, а еден месец порано го даде своето последно животно интервју.

Речиси немаше серија или драма во која не учествуваше неговиот посебен и неповторлив лик. Го знаеме и како Црната Арапина. Во секоја епизода на Македонските народни приказни речиси играше негативец, но беше прекроток лик во приватноста, врвен артист и голем пријател на Ѓорѓи Колозов!

Џемаил Максут, непосредно пред неговата смртт, го даде своето последно животно интервју.

Роден е на 8-ми мај 1933-та година. Актер e од 1956-та година сѐ до неговото пензионирање во Турскиот театар од Скопје. Покрај големиот број одиграни улоги на матичната сцена има одиграно значителен број на улоги и на другите сцени во Македоннија, голем број на остварени улоги во филмовите кои се снимаа во Македонија и во Југославија, секогаш застапен во реализациите на ТВ драми и ТВ серии во продукција на македонската телевизија (тогашна ТВ Скопје) како и голем број на одиграни ликови во радио драми на турски и македонски јазик.