Се сеќавате ли на Тони Брекстон и нејзиниот легендарен хит? Еве што таа денес прави и како изгледа на 52 години

26 мај, 20200
Screenshot_2020-05-26 Sjećaš li se Toni Braxton i njezinog legendarnog hita Evo što danas radi i kako izgleda s 52 godine

Тони Брекстон е една од најуспешните R&B пејачки, а ни остана во сеќавање по неверојатните балади. Иако опадна нејзината популарност која ја уживаше од почетокот на 1990 година до почетокот 2000тата, Тони и понатаму објавува синглови. Но фановите посебно ги распамети фотографијата во бикини на која едноставно никој не може да поверува дека има 52 години.

R&B ѕвездата Тони Брекстон не освои со својот посебен глас и хитовите како “Unbreak my heart” (1996), но и со својата складна и витка фигура. Но талентираната Тони која полека го отвори патот до друштвата на најголемите музички диви, ги наполни и медиумите со не така убави приказни. Имено, пејачката која во својата кариера продаде повеќе од 60 милиони албуми, објави банкрот два пати а до финансискиот крах ја доведе опсесијата за претераниот луксуз.

Сопственичката на седум Греми награди, во 2013 година размислувала да ја напушти музичката кариера, но сепак продолжи со пеењето иако никогаш не го повтори успехот која го уживаше кон крајот на 90тите и почетокот на 2000те. Денес Тони посветено создава се со цел да остане на музичката сцена. Минатиот месец објави нов сингл насловен како “Do It”, а своите фанови сосема ги распамети со провокативната фотографија во црн дводелен бикини костим во која ја покажа својата завидна фигура.

“Плажите се отворени и моето тело е спремно за на плажа, но премногу се плашам да отидам. Сеуште е присутен Ковид -19. Останете сите на сигурно”, порача Тони на својот Инстаграм пост.

Обожавателите го опсипаа нејзиниот пост со пофалби за линијата и просто неможеа да се изначудат какво тело има на 52 години.

“Планираш засекогаш да имаш 25 години, дали е тоа твојот план?”, “52?? Што?”, “Се надевам дека вака ќе изгледам на твои години”, “Смилувај ни се Тони…wow”, “Не бевме спремни на ова сестро!!!!”, “Тони, те молам облечи се ќе добијам срцев удар. Пробувам повторно да дишам” се само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Тони Брекстон првиот албум го објави во 1993 година и многу брзо доживеа планетарна популарност. Но во своите мемоари пред три години, пејачката напиша како во текот на својата најголема слава во 90тите била доста депресивна. Крајот на 90тите доживеала тешка финансиска криза, а доживеала и спонтан абортус додека чекала дете со тогашниот сопруг Кери Левисон со кој беше во брак од 2001 до 2009 година. Брачниот пар официјално се разделил во 2013 година, а во текот на заедничките години добиле два сина.

Тони сега е во врска со раперот Бирдман, и иако минатата година ја прекинаа свршувачката, странските медиуми објавуваат дека се заљубени како првиот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi