СЕГА ОФИЦИЈАЛНО: Џони Деп е сменет – објавено е името на новиот актер кој ќе го замени во серијалот!

26 ноември, 2020
џони

Според официјалното соопштение на компанијата „Ворнер Брос“, актерот Мадс Микелсен е избран да го замени Џони Деп во третиот дел од филмот „Фантастични Ѕверови“.

Во последниот дел од овој филм глуми ансамбл предводен од Оскаровците Еди Редмејн, Кетрин Вотерстоун, Дан Фоглер и Џуд Ло.

Џони Деп дебитираше како негативец на франшизата на самиот крај на филмот во 2016 година и ја повтори улогата во многу поголем капацитет за продолжението на „Фантастични Ѕверови: Злосторствата на Гринделвалд“ од 2018 година.

Деп објави дека ја напушта франшизата, откако „Ворнер Брос“ побара од него да си даде оставка по крајно јавната судска постапка помеѓу актерот и „Сан“.

Деп го тужеше гореспоменатиот таблоид за клевета, бидејќи тој го нарече насилник кој тепа жена (мислејќи на неговата поранешна сопруга Амбер Херд), но Деп го изгуби спорот.

Иако Деп нема да се појави во филмот, тој ќе ја добие целата осумцифрена сума што требаше да ја заработи.

Според „Холивуд репортер“, Деп снимил само една сцена за „Фантастични Ѕверови 3“ пред да го напушти проектот.

Медс Микелсен играше во голем број значајни улоги во филмови како „Rogue One: A Star Wars Story“, „Doctor Strange“, „Casino Royale“ и „The Hunt“.

escort - Korsan taksi