Село на богаташи што никој не го напушта: “Ако се иселиш, ќе изгубиш сè!”

29 април, 20200
Selo-na-bogatasi

Прашањето како Хуакси од сиромашното село се снајде на сето ова, сè уште е обвиткано во превез на мистерија. Жителите не зборуваат за своето богатство и тоа се смета за тајна, а пристапот до медиумите е доста ограничен …

Зошто никој не си заминува? Едноставно, ако го напуштите, го губите сето она што сте го стекнале, така што животот во ова село е буквално живот во кафез …

Кинеското село Хуакси, кое се наоѓа во провинцијата Јиангсу, со право се нарекува „Село на богатите“. Облакодер со 72 ката, хеликоптери на небото, тематски парк и луксузни замоци, по необично село низ целиот свет сигурно не постои.

Секој жител има дебела банкарска сметка и живее во вила. Всушност, сите тие живеат во исти вили.

Но, има еден штос. Ако го напуштите селото и одлучите да се преселите на друго место, ќе го изгубите сето она што го имате на вашата банкарска сметка и, се разбира, вилата, и заради ова правило, скоро никој не го напушта златното село затоа што ќе изгубат се и ќе завршат на улица. Да спомнеме и дека повеќето жители работат седум дена во неделата, така што прашањето е, каде можат да ги трошат сите тие пари воопшто? Очигледно само во Хуакси.

Пред околу 30 години, ова село беше само едно од најсиромашните кинески села, со население од околу 600 жители. Но, тогаш се појави висок функционер на партијата, Ву Ренбао и излезе со план што требаше да донесе просперитет во селото. Наскоро основал неколку компании и направил богати сиромасите.

Медиумите се заинтересираа за Хуакси во 2004 година, кога беше објавено дека жител на село заработува во просек скоро 18 000 американски долари годишно, што е значително повисоко од она што можете да заработите во другите кинески провинции.

За да ја покажат силата на селото, во 2011 година властите изградија фасцинантен 72-катен облакодер, за кој беа потрошени 430 милиони долари. Висината на облакодерот е 328 метри, што за споредба е за 4 метри повисока од Ајфеловата кула.

Јасно е дека селото има и компанија за транспорт. Но, она што би очекувале не е земја, туку небо. Поточно, хеликоптерите се користат за превоз на жители, така што жителите во околните градови можат да се достигнат во рок од десет минути.

Исто така, постои голем тематски парк во кој се сместени реплики на познати градби, како што се Големиот Ѕид на Кина и Забранетиот град.

Прашањето како Хуакси од сиромашното село се снајде на сето ова, сè уште е обвиткано во превез на тајност. Жителите не зборуваат за своето богатство и тоа се смета за тајна, а пристапот до медиумите е прилично ограничен. Новинарите не можат да стапнат тука пред одобрување од локалните власти.

Исто така, нема клубови и барови, така што на крајот се поставува прашањето како навистина е животот во ова богато, мистериозно село.

Погледнете го селото во ова кратко видео:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi