СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ Лепа Брена и нејзиниот сопруг се загрижени за синот

22 јули, 20200
Annotation 2020-07-21 233233

На семејството на регионалната фолк дива, 59- годишната Лепа Брена и сопругот, поранешен тенисер Бобан Живојиновиќ, им се придружи нов член. Наиме, во нивната луксузна вила на Бежанијска Коса се всели 26- годишната Сандра Миљковиќ, девојката на нивниот најмлад син, 22- годишниот Виктор. Иако е познато дека сите добро се сложуваат, се случи нешто поради што Брена и Боба се загрижија. Наиме, Сандра на Виктор му замери за некои пораки што ги доби на Инстаграм од една старлета, па дојде до жестока расправија.

Брена му рече дека Сандра е квалитетна девојка која треба да ја чува и која за некое време ќе биде прекрасна сопруга и мајка и дека тешко ќе најде таква. Таа ја пчитува целото семејство на Виктор, не и е тешко да помага низ куќата, во кујната, баш е вредна и жртвена. Брена му кажа на синот: “Мораш да се усериозиш и да сфатиш каква девојка имаш пред себе! Зарем треба да изгубиш прекрасна девојка поради некои старлети кои само сакаат да се шлепаат покрај тебе за да добијат маркетинг. Направи разлика помеѓу лесни жени и девојки кои вистински вредат и те сакаат заради тоа каков вистински си. На Сандра не и е битно дека си мој син, и тоа ти го докажа. Вразуми се! ” Откри изворот за “STAR”

Во дополнување откри дека не му се допаѓало што родителите го обвинуваат, поради тоа што тој знае дека не направил ништо лошо и дека не може да влијае на вакви или слични случувања. Тој на нив како и да е не им одговара и Сандра тоа го знае! Дури и додаде дека и е верен и дека ја сака, така да нема потреба воопшто да се расправаат поради тоа- завршува изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi