Северина објавила фотографија со синот, по еден месец повторно заедно!

4 мај, 2020
severina

Северина успеала да помине малку време со синот Александар, откако не го видела повеќе од еден месец. На Инстаграм објавила неколку фотографии и му посветила емотивна порака.

“Без тебе што е среќа, прозор без завеси и цвеќе, а сега е и од Бога поголема кога ќе те погледнам….”, цитирала дел од своите стихови за песната “Rođeno moje”, посветена токму на Александар.

https://www.instagram.com/p/B_w9RBtHjf8/?utm_source=ig_embed

Северина престојувала во карантин во Белград со семејството на сопругот, а за тоа време Александар бил во самоизолација со таткото Милан. Оваа година за прв пат во седум години Северина го поминала Велигден без Александар.

Откако Милан се преселил со Александар во Белград, истото го направила и Северина. Потоа во Загреб била две недели во самоизолација, а така го прославила и роденденот.