Sia истовремено стана и мајка и баба

1 јули, 20200
sia-singer-mo_hpMain_20200630-195850_16x9_992

Австралиската пејачка, Sia, ја изненади светската јавност на почетокот на годината кога во интервју за GQ спомна дека стана мајка.

Откако се крена бура во медиумите, таа потврди дека посвоила две постари деца, затоа што во спротивно  „ќе завршат на улица“ веднаш штом ќе станат возрасни.

Сè уште го крие нивниот идентитет со цел да ги скрие од медиумите, но објави дека едниот од нејзините посвоени синови, станал татко.

„Мојот помлад син штотуку стана татко на две бебиња. Е*ено станав баба!”

Патем, таа одлично се снаоѓа во оваа нова животна улога, а неодамна  откри дека нејзиниот постар син ѝ соопштил дека е геј, но смета дека тоа е одраз на неговата храброст, па додаде дека многу го сака токму поради тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi