Скот Дисик разоткриен: бакнува 18 години помлада девојка со беспрекорно тело, сè уште ја бара онаа вистинската?

19 ноември, 2020
Screenshot_5

Скот Дисик е во врска со 18-годишната девојка Амелија Хамлин.

Поранешниот член на славниот риалити клан Кардашијан-Џенер и поранешниот сопруг на Кортни Кардашијан, 37-годишниот Скот Дисик до пред два месеци беше во врска со младата манекенка Софија Ричи, која е 15 години помлада од него, но се чини дека тој го сруши тој рекорд со нова девојка.

Имено, Скот беше снимен како се прегрнува шетајќи покрај плажата во Малибу со 19-годишната Амелија Хамлин, што ги потврди шпекулациите за нивната љубов откако првпат беа видени заедно како доаѓаат на роденденската забава на Кендал Џенер одржана на Ноќта на вештерките.

Нивните најнови фотографии ги прикажуваат во опуштено издание, Амели го покажа своето беспрекорно тело во минијатурно бикини, додека нејзиното 18 години постаро момче шеташе во црни панталони и маица. И двајцата имаа очила за сонце, а не им посветуваа премногу внимание на фотографите и беа добро расположени.

Инаку, Амелија е ќерка на славната актерска двојка Лиза Рин и Хари Хамлин и не е првата девојка со која беше фатен Дик по раскинувањето со Софија. Тој излегол на состаноци со моделите Бела Банос и Меган Блејк Ирвин и поминал многу време со неговата поранешна сопруга Кортни.

Тие ја завршија својата десетгодишна љубовна приказна во 2015 година, а заедно ги имаат 10-годишниот син Мејсон, 5-годишната ќерка Реин и 8-годишната Пенелопе.

Амелија се забавуваше со Мерсер Видерхорн пред Дик на почетокот на оваа година.

escort - Korsan taksi