Скромниот актер повторно ги воодушеви обожавателите: „Tи си единствената холивудска sвезда која сама ги носи своите ќеси“

3 ноември, 2020
profimedia-0566855933_l0fP53l

Ривс го чува својот приватен живот што е можно подалеку од очите на јавноста, но успеа со едноставност да ги освои своите фанови. Тој повеќепати бил „фатен“ како им помага на бездомниците, како се вози во јавен превоз и донира.

Холивудскиот актер Киану Ривс (56) има репутација како една од најприземните и најискрените филмски sвезди. Тој донираше најголем дел од својата заработка од најуспешните филмови на болници и борба против леукемијата. Откако неговата сестра Ким се разболе од малигна болест, Ривс стана уште посвесен и од милионите што ги пренасочи на друга адреса, тој никогаш не направил медиумска бура или се фалел дека е хуман.

Добриот холивудски чудак никогаш не се вклопувал во холивудските стереотипи, па последните денови уживаше во Берлин со својата свршеница, уметницата Александра Грант, а фановите на шега коментираа дека Ривс е единствената холивудска sвезда која ги носи сите свои торби сам.

Ривс немаше сериозна врска со децении, или барем јавноста не знаеше за тоа, но минатата година сè се промени.

Кијану тогаш најпрво се појави со нова девојка во Музејот на модерна уметност во Лос Анџелес, а се шпекулира дека неодамна се вериле.

Киану се обидува да го задржи неговиот приватен живот што е можно подалеку од очите на јавноста, но тој успеа да ги освои фановите повторно со својата едноставност.

Исто како порано, кога беше „фатен“ безброј пати како им помага на бездомниците па попат со задоволство ќе се напие пијалок и разговара со нив, а Интернетот се сеќава на неговите возења во метрото, како да не е главниот лик на филмските франшизи што заработија стотици милиони долари. .

escort - Korsan taksi