Славната пејачка искрено во врска со болеста: За малку ќе го изгубев животот!

4 јуни, 2020
gettyimages-1164253055

Популарната пејачка Camila Cabello, во есејот којшто го напиша за Wall Street Journal, открива нови детали во врска со анксиозноста и опсесивно – компулзивните пореметувања.

  • “Плачев во автомобилот и разговарав со мајка ми за тоа колку многу ме мачи анксиозноста. Заедно читавме книги за оваа болест, затоа што очајно ми беа потребни утеха и олеснување.“ – раскажува Camila.

Таа додава дека премногу се срамела поради овој проблем и одбивала да разговара за него, бидејќи сакала да остави впечаток на силна жена.

View this post on Instagram

💕

A post shared by camila (@camila_cabello) on

Camila раскажува дека животот којшто го гледаме на Инстаграм, не е нејзината реалност  со којашто таа се соочува секојдневно.

  • “Позади блескавите настапи се крие една огромна тајна, но не сакав луѓето кои веруваат во мене и моите способности да помислат дека сум слаба” – вели таа.
View this post on Instagram

❤️

A post shared by camila (@camila_cabello) on

Денес добро се носи со болеста и ја смета за своја пријателка. Ако претходно било нешто што и ја одземало нејзината креативност, хумор, радост, довербата во самата себе и секојдневната убавина на животот, денес е сосема поинаку. Иако Camila смета дека анксиозноста сака само да ја заштити, повеќе не и дозволува да носи одлуки во нејзино име.