Соседите постојано се жалеа oд него, па тој им ги откупи куќите и засекогаш се ослободи од нив

23 октомври, 2020
pjimage_ABcaTGP

Сè започна во 2012 година кога Ед Ширан купи селска куќа во Сасекс за над 6,4 милиони долари. По проблемите со соседите, тој им ги откупи куќите една по една

Лесно е кога имате милиони во вашиот џеб. Слично размислуваше и британскиот музичар Ед Ширан кога не можеше да се справи со неколку свои соседи кои упорно се жалеа на градежните работи и нивото на бучава. Тие постојано се жалеа во општинскиот совет. Им пречеше што тој направи езерце – говореа дека станува збор за маскиран базен.

Потоа, не им се допаѓаше неговата идеја за изградба на куќа од дрво и капела од десет метри, а имаа и забелешки на кујната во градината опкружена со подигнати дабови лежеи, асфалтирани патеки… Пејачот не можеше да се натега, па затоа е едноставно им ги откупи куќите и така се ослободи од нив.

Сè започна во 2012 година кога тој купи селска куќа во Сасекс за над 6,4 милиони долари. По проблемите со соседите, тој им ги откупи куќите една по една. Првата ја купи во истата година како и неговата и го чинеше околу 3,5 милиони куни.

Inside Ed Sheeran's mini-village made up of five homes he spent millions on.

Публикувахте от Roosevelt Hall – Broker/Associate Re/Max Real Estate Limited в Неделя, 11 август 2019 г.

Четири години подоцна, му исплати и на вториот сосед чија куќа беше пред неговата. За тоа мораше да плати околу 7 милиони куни. Тогаш дојде ред на бунгаловиот што го купи во 2017 година за нешто повеќе од 4 милиони куни, и се наоѓаше на долгата страна од патеката до неговата куќа. Минатиот април тој купи друга куќа од сосед, тоа го чинеше над 7 милиони куни.

Сега освен што не ги слуша жалбите за бучава од градежните работи, тој не мора да се грижи за соседите или гласната музика што доаѓа од неговиот дом. Не се споменува дали тој планира да ги остави или да ги сруши тие куќи.

Неговото богатство се проценуваше на неверојатни 160 милиони фунти минатата година, пренесува Метро.

escort - Korsan taksi